Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Пол Макартни на концертот објави снимка од Џони Деп

Пол Макартни го привлече вниманието на светските медиуми откако на еден од своите концерти ја изведе песната „My Valentine“, додека во позадина одеше видео од Џони Деп, пишува „Дејли мејл“.

Чудно е што ова темпирано видео доаѓа во време кога актерот е вмешан во жестока судска битка околу неговата тужба за клевета против неговата поранешна сопруга Амбер Херд. Макартни го користи ова видео во своите настапи речиси цела деценија.

На видеото објавено на Инстаграм во вторникот се гледа како Мекартни ја изведува својата песна „My Valentine“ на настап во Сиетл додека прикажува видео од Деп како свири гитара.

Снимката од концертот ја објави Џил Ведер, филантроп и сопруга на музичарот Еди Ведер од групата Pearl Jam.

Инаку, пријателството меѓу Џони Деп и Пол Макартни трае со децении. Тие глумеа заедно во едно продолжение на „Pirates of the Caribbean“, а актерот се најде во спотот на музичарот за песната „My Valentine“ во 2012 година.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement