Наместо да ги ангажира најдобрите дизајнери и стилисти, таа ѕирнa во семејната историја …
Аријана Рокфелер (39), дизајнерка и внука на банкарот Дејвид Рокфелер, беше меѓу гостите на овогодинешната Мет Гала.
Според странските медиуми, најубавата членка на семејството Рокфелер била синоним за елеганција и гламур, пред се поради фактот што не избрала скапа креација од една од најновите колекции, ниту пак некоја угледна модна куќа да направи тоалета само за неа.
Аријана, всушност, го избрала фустанот на нејзината покојна баба Маргарет Пеги Рокфелер од 1954 година. Станува збор за винтиџ модел со потписот на Фердинанд Сарми, изработен од свилен брокат и украсен со металик цветни дезени и машнички. Во времето кога се создаваше фустанот, Сарми беше креативен директор на модното студио на куќата на Elizabet Arden, а таму го наследи легендарниот Оскар де ла Рента.

Според модните критичари, ова беше одличен одговор на темата на Мет Гала – „Позлатена ера“, а Аријана откри дека фустанот на баба си го наследила одамна. Сепак, таа досега го нема облечено.
- Отсекогаш имав чувство дека еден ден ќе го носам на многу важен настан. Баба веројатно го носела овој фустан во банката Чејс или на настан поврзан со банкарски собири во 1954 година – горда е Аријана.
Посебен детал на тоалетот се дебелите ремени врзани во машна кои ги заменуваат прерамките, а има и ремени со машна кои паѓаат по задниот дел на здолништето.

Аријана ова издание го комплетираше со сатенски ракавици до половина од надлактиците во идентична нијанса и крем салонки, а се беше заокружено со луксузно дијамантски ланче.

