Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Одри Хепберн: 10 фото докази дека никогаш не сте премногу стари за облеката што ја обожавате

Легендарната актерка Одри Хепберн е родена на 4 мај 1929 година во Белгија. Оваа филмска дива е една од најголемите легенди на класичната холивудска кинематографија, а од раните денови на својата професионална кариера ја носи и титулата модна икона.

Тоа го стекнала благодарение на својот беспрекорен стил на кој му останала верна до последен момент. Често се расправа за тоа како жените треба да се облекуваат во одредени години, а единственото правило по кое секоја од нас треба да се води е ова – облечете се како што сакате. Токму тоа го правела и Одри.

Според истражувањето спроведено од американски сајт посветен на модата, жените постари од 60 години не треба да ги покажуваат нозете во кратки здолништа, фустани и (или) панталони или да носат кратки ракави. Така барем мислат мнозинството од испитаниците во истражувањето.

Одри Хепберн имала 63 години кога на доделувањето на Оскарите во 1992 година блеснала во фустанот на нејзиниот пријател Хуберт де Живанши.

Прекрасна тоалета во темна розова нијанса со шлеп ги истакна нејзините голи раце и никому не му паднало на памет да ја прогласи за несоодветна за тоа.

Таа со својот моден избор ги засени најголемите тогашни ѕвезди на наградата, а на нејзината елеганција никој не можеше да и’ парира.

Многумина сметаат дека светлите или светкавите бои се несоодветни за жените „во години“.

Секако, Одри со своите изданија го демантирала тоа, докажувајќи дека тајната на добриот стил е во тоа што го носиш она што го сакаш, што прави да се чувствуваш добро и што прави да изгледаш одлично. Ќе ви ја зајакне самодовербата, а е и најдобриот моден додаток.

Ѕирнете во галеријата и видете какви комбинации носела Одри Хепберн во последните години од животот.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement