Супермоделот Џиџи Хадид го прослави својот роденден со навистина одлична забава на која присуствуваа нејзината помлада сестра Бела Хадид, Емили Ратајковски и Блејк Лајвли.
Девојката во оваа прилика не избра стајлинг во модерни светли бои, туку се одлучи за облека која е изработена од елегантна снежно бела чипка. Комбинацијата на облека, сепак, се покажа како доста смела и ја истакна прекрасната фигура на млада мајка.

Проѕирниот комплет од тантела на Dion Lee со заводлив корсет, проѕирни панталони и бел кардиган до подот не остави простор за имагинација и го истакна беспрекорниот струк на славната манекенка. Џиџи го комплетираше својот умерено пикантен аутфит со неколку големи бисерни ѓердани, тенок ремен со сјајни камења, златни обетки и светкава розова клач чанта. Кога станува збор за обувките, моделот избра удобни крем чевли со средна потпетица.
