Кендал Џенер, една од најплатените манекенки на денешницата и членка на најпознатото светско ријалити семејство, беше една од почесните гости на синоќешната Мет Гала, каде на црвениот тепих прошета во раскошна креација со потписот на познатата Prada куќа.
Членка на кланот Кардашијан-Џенер, сепак, посебно внимание привлече на афтер забавата, каде што го облече најпредизвикувачкото издание во кое ја има главната улога, ни помалку ни повеќе од – долна облека.

Атрактивната манекенка се појави во винтиџ издание инспирирано од секси долна облека и се погрижи за овој стајлинг уште долго да се зборува.

Откако се појави на црвениот тепих на Мет Гала со „избледени“ веѓи, таа го „врати“ нивниот природен, потемен „изглед“ за афтер забавата.
