Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Дали сте слушнале за Тиаки? Важно ветување што секој патник мора да го даде при пристигнувањето во Нов Зеланд

Една од жртвите на масовниот туризам е најпознатото дрво во Нов Зеланд. Врбата која извира од езерото Ванака и создава речиси нереална глетка е популарно место меѓу посетителите, кои доаѓаат таму за да направат фотографии за паметење. Но, непознат сторител отсекол гранка која мештаните ја виделе како плива покрај брегот. Дрвото Ванака е популарно од 2014 година, кога во прекрасен кадар ја доловил фотографот Денис Радермахер и ја доби наградата за најдобра пејсажна слика.

Оттогаш, врбата стана популарна на социјалните мрежи, а посетителите доаѓаат да ја видат во националниот парк Маунт Аспиринг и покрај фактот што нема патокази што водат до дрвото и тешко е да се најде.

Токму поради вандалите кои ја уништуваат прекрасната природа, владата на Нов Зеланд одлучи туристите да дадат „тиаки завет“ при посетата на нивната земја. „Тиаки“ на маорски значи „да се чува“, а Маорите ја сметаат природата неразделна од нивните животи. За нив секоја планина, река и дрво има своја приказна. Овие приказни се дел од нивните сопствени идентитети и помагаат да се обликува нивното место во светот.

За да им олеснат на туристите да одлучат како да ја остават природата во истата состојба во која ја нашле, односно да не и наштетат, можат да најдат информации на веб-страницата посветена на зачувување на природата во Нов Зеланд.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement