Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Детоксикација по празниците – Како да го исчистите телото од надуеност и токсини

Доколку за време на првомајските празници јадевте почесто и конзумиравте повеќе храна, сигурно е дека тоа не му се допаднало на вашето тело.

Ако за празниците уживавте во добра, но и мрсна храна, веројатно сега чувствувате потреба да се ресетирате. Брзите диети секако не се добро решение, бидејќи можат да го оштетат вашето здравје.

Враќањето на здравиот начин на живот, без драматични ограничувања во исхраната, заедно со физичката активност ќе ги „избришат“ последиците од уживањето на празничната трпеза. За да ви помогнеме да се вратите на вистинскиот пат, еве неколку начини како да му помогнете на вашето тело да се избори со надуеноста и да ги елиминира вишокот калории што ги внесовте претходните денови.

Чаеви, топла вода и лимон
Хидратацијата не треба да се занемарува поради консумирање алкохол и други пијалоци – консумирањето чај и топла вода со лимон е од суштинско значење за да им помогнете на црниот дроб и бубрезите да ги филтрираат токсините.

Обидете се да пиете топол зелен чај пред и после оброците за да го одржите метаболизмот и варењето силни. Чајот од анасон е исто така одличен избор, бидејќи ги ублажува проблемите како што се варење, надуеност, запек, цревни гасови, металоиди, па дури и иритирани (нервозни) црева.

Јаболков оцет
Само две лажици јаболков оцет во чаша топла вода исто така можат да го вратат вашето тело во претходната состојба и повеќе нема да се чувствувате толку подуени.

Ова е одлична детоксикација, но доколку сакате малку да си олесните, тогаш во напитокот можете да додадете и лажица мед, кој исто така прави чуда кога станува збор за чистење на телото, ослободувајќи го од наталожените масти.

Црн и бел лук
Црниот, а посебно белиот (универзалниот) лук е совршен за чистење на телото. Покрај тоа што помага во заштитата од настинки и вируси, исто така го стимулира црниот дроб да произведува ензими одговорни за исфрлање на токсините од дигестивниот систем.



Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement