Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Нема шанси да не ви привлечат око: сандали на платформа направени за топлите денови што претстојат…

Колку повеќе толку подобро. Сандалите на платформа буквално ќе го подигнат секој стајлинг, а овие модели се како да се создадени за топлите месеци што следат. Ова се дел од моделите кои победуваат на прв поглед. Совршени за ден и навечер, штом еднаш ќе ги пробате, најверојатно нема да се одвоите од нив до почетокот на есенските дождови
Беше само прашање на време кога сандалите со вртоглаво високи платформи ќе заземат заслужено високо место на листата на најпосакувани чевли во сезоната.

Впечатливите парови како моделот Meduza на Versace и сандалите Таn-Go на Valentino ја забрзаа растечката фасцинација на модниот свет со вртоглаво високи потпетици и навистина задебелени платформи. Колекциите за топлата сезона на речиси сите модни брендови презентираа сандали со платформи дизајнирани за речиси секоја пригода и кодекс на облекување: тексас и рафија за секојдневен лежерен стајлинг, мешавина од металик кожа и заводливи врвки создадени за елегантни излегувања или дневен елегантен изглед .

Без разлика кој модел ќе ви го привлече вниманието, сите тие имаат ист ефект: нагласување на ногата. Така овие модели се навистина совршен избор со мини фустани, но одлично ќе функционираат во комбинација со испран тексас за лежерен изглед.

Но, постои мал трик: при купувањето изберете модели со силни ремени, а оние вртоглаво високите се најдобри доколку имаат долги врвки кои ќе им овозможат да стојат цврсто на своето место и да спречат сопнување. Повеќето модели се проткаени со доза на неодолив диско стил, впечатлив и многу еклектичен стил. Нема шанси да останете незабележани.

Прочитај

Advertisement