Латино дивата можеме да ја видиме во различни изданија: од најгламурозно до најопуштено, но сигурно е дека никогаш не промашува кога е модата во прашање. Нејзиниот стил им се допаѓа и на најголемите модни критичари, а сега покажа како носи фармерки кои ќе бидат главен тренд оваа пролет.
Џеј Ло е снимена од папараците додека пазарела во Rodea Drive, најскапата шопинг улица во светот, која се наоѓа во Беверли Хилс, Холивуд.
На многумина им привлекоа око лежерните фармерки кои може да се комбинираат со се што можете да замислите. Џеј Ло со нив спои кошула со цветен дезен и неутрални сандали, а овој „опуштена дама“ стајлинг дојде до израз особено поради пунџата што ја носеше пејачката.

Предноста на овој модел е што нема да се чувствувате непријатно бидејќи никаде не се стискаат. Широкиот модел се заканува да стане тренд за сезонава пролет/лето 2022 година, а едно е сигурно: нема шанси да не ви одговараат!

