Познатата манекенка Хејли Бибер пред два месеци доживеа мозочен удар, а сега за прв пат го открива своето искуство.
Кога пред два месеци ги почувствувала првите симптоми, најбараната манекенка на денешницата Хејли Бибер итно била пренесена во болница. Таа потоа ја извести јавноста дека има мало згрутчување на крвта во мозокот, што предизвикало недостаток на кислород.
Хејли реши да сними видео наречено „Јас ја кажувам мојата приказна“, па своето искуство го сподели на Јутјуб.
„Имав застрашувачки инцидент на 10 март. Денот беше сосема нормален, имав нормална комуникација и бевме на сред разговор. Одеднаш имав чудно чувство, како да ми се спушти по раката и рамото, сè до моите врвови на прстите“, ја започна таа приказната. Хејли.
Нејзините прсти трнеа, а кога нејзиниот сопруг, пејачот Џастин Бибер ја праша дали е добро, таа не можеше да одговори.
“Сакав, но не можев да зборувам. Десната страна на лицето почна да ми виси, не можев да кажам ниту една реченица. Затоа очигледно веднаш помислив дека имам мозочен удар”, продолжила Хејли и додала:
“Дефинитивно најстрашниот момент во мојот живот. Толку многу работи ми поминаа низ главата. Можев совршено да одам, но во тој момент тоа беше проблем со говорот”, истакна таа, додека Џастин веќе повикал брза помош.
Додека ги чекаа лекарите да дојдат на адресата, говорот на манекенката полека почна да се враќа. По тестирањето, тие откриле дека таа претрпела мало згрутчување на крвта во мозокот. Тие го категоризираа како минлив исхемичен напад, кој таа го опиша како „мини-мозочен удар“.
Манекенката го заврши видеото велејќи дека сега се чувствува добро, погледнете:
