Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

брутален колор-блок стајлинг,Убавата Блејк Лајвли покажа заводлива линија во облека која не поднесува несовршености!

Познатата американска актерка Блејк Лајвли повторно сервираше феноменално модно издание, а по повод роденденот на познатата пријателка избра комбинација која во преден план ја стави нејзината совршена фигура!

Ѕвездата од серијата „Gossip Girl“ и филмот „Timeless Adaline“, Блејк Лајвли, ја покажа својата линија од соништата во облека за која е потребна голема храброст!

Секси изданието згодната мајка на три деца го подготви по повод прославата на 27 роденден на нејзината пријателка и супермодел Џиџи Хадид.

Додека њујоршкиот клуб Zero Bond, каде што се одржа прославата, вриеше од фантастични комбинации на познати личности од А-листата, 34-годишната Блејк Лајвли мами воздишки во заводливо издание кое не поднесува несовршености.

Сопругата на колегата актер Рајан Рејнолдс ја извртела бруталната комбинација околу концептот на блок-колор, вешто комбинирајќи виолетов фустан и светло-црвени модни додатоци.

Провокативниот ултра-мини фустан го потпишува американскиот бренд Sergio Hudson, додека вртоглавите потпетици и безвременската чанта се должат на луксузните француски брендови во кои често се појавува Блејк – Christian Louboutin и Chanel.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement