Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

„Ти благодарам мое срце, ти благодарам за мојот живот“: Кит Урбан објаснува како Никол го спасила од порокот

Урбан направил пресврт во својот живот токму кога тој и Никол донеле одлука дека е време да се венчаат.

За време на неодамнешното интервју за Тајмс, Кит Урбан (54) зборуваше за неговите битки со алкохолизмот и зависноста од дрога, за својот пат до закрепнување и за улогата што неговата сопруга Никол Кидман ја имаше во сето тоа. Урбан прв пат се пријавил за рехабилитација во 1998 година, а потоа повторно, само неколку месеци откако се ожени со Кидман во 2006 година.

Кит Урбан и припишува заслуга на неговата сопруга Никол Кидман што му го спасила животот, но не онака како што вие мислите. Не, таа не ја отфрли опасноста во физичка смисла, туку ја препозна неговата опасна поврзаност со дрогата и алкохолот и со љубов го охрабри да ја поправи.

За жал, кокаинот и алкохолот се вообичаени пороци во музичкиот бизнис. И како долгогодишен сакан кантри уметник, Урбан на крајот стана зависен од двете. Затоа неколку пати завршуваше на рехабилитација, а Никол инсистираше да оди на последната.

  • Драго ми е што тоа не промени ништо во мојата музика. Напишав многу хит песни додека бев пијан. Многу од нив напишав додека бев трезен. Се чувствувам среќен што тоа не ја дефинираше мојата креативност“, изјави Кит одамна.

А тој избор е направен пред се благодарение на неговата сопруга Никол Кидман. Урбан направи пресврт во својот живот токму кога тој и Никол донесоа одлука дека е време да се венчаат. Како што самиот кажа, духовно се разбудил со неа и собрал сили да се откаже од своите пороци.

  • Татко ми беше алкохоличар, па јас пораснав во куќа на алкохоличар и ми требаше долго време да поверувам дека сум и јас – рекол Урбан.

Кидман беше инспирација за неговата песна „Thank You“ од неговиот албум од 2009 година. Песната, напишана од Урбан со Рик Новелс, вклучува текст: „Ти благодарам за моето срце, ти благодарам за мојот живот. И му благодарам на Бога за милоста и благодат и дека стана моја жена“.

Двојката минатиот јуни прослави 15 години брак.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement