И покрај малку конзервативната понуда на карактеристични премиум брендови, AUDI одлучи да покаже како гледа на градскиот транспорт во блиска иднина.
Вистина,AUDI имаше во историјата мали екскурзии со кои знаеше да изненади. Под поимот мали екскурзии, многумина најпрво ќе се сеќаваат на моделот А2, и токму тука би требало да ги бараат корените на овој иновативен модел. Неговото име е Urbansphere, а Audi го воведува откако веќе опфати два сегменти со концептите Skyphere (roadster) и Grandsphere (седан).

Овој концепт требаше да биде прикажан на салонот во Пекинг, но поради уште едно доцнење, Audi се одлучи за својата онлајн премиера. Создаден е во дизајнерскиот центар на Audi во Пекинг, со помош на Инголштад и е наменет за употреба во растечките кинески мегаградови.
Притоа, насоката на дизајнирање беше развиена според повратните информации на потенцијалните клиенти. Во превод, тоа е пространа и голема кола.Со 5,5 метри должина, два метри ширина и 1,78 метри висина, со сигурност може да се констатира дека ова Ауди е феномен. На крајот на краиштата, тој е исто така поголем од Cadillac Escalade.
Со вакви димензии не треба да не чуди изборот на тркала од 24 инчи, како и огромните стаклени површини. Предниот и задниот дел се целосно дигитализирани со контролирано и во зависност од условите на движење променливо осветлување.Кинезите сакаат огромни маски на вакви луксузни мини комбиња, а Audi само ја зачини својата решетка со една рамка со LED технологија.
Audi го опишува како „салон на тркала и мобилна канцеларија“. Има огромна врата за пристап до исклучително пространа кабина со „само“ четири седишта. Тие имаат поставки за прилагодување Relax and Entertain кои вклучуваат звучници во потпирачите за глава, како и екстензии за поддршка на нозете на патникот.Очекувано, акцентот е ставен на автономното управување кога воланот, дигиталните контроли на кокпитот и нозете автоматски се отстрануваат од погледот. Да, Urbansphere има 4-то ниво на автономно управување, кое ќе биде подготвено за комерцијализација во втората половина на оваа деценија.

Изобилството од технологија и напредни системи како што се откривање на лицата на патниците, стресот и низа мултимедијални содржини се земаат здраво за готово. Исто како и електричниот погон кој, како и платформата PPE, го позајмува од идните модели како A6 e-tron, но и Porsche Macan.
Два електромотори даваат 401 КС и 690 Nm, а има и quattro погон. Батеријата од 120 kWh се наоѓа во подот на возилото и обезбедува автономија од дури 750 km. Системот од 800 волти е компатибилен со еднонасочни полначи до 270 kW, што овозможува досег од 300 km за само 10 минути полнење.
Тешко дека Urbansphere ќе оди во сериско производство, но тоа секако е најава за она што Audi го подготвува во наредната електрична ера. Воедно, дефинитивно изрази подготвеност да влезе во комплетно нови предизвици во автомобилската понуда.
