Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

ВИДЕО: Викторија Бекам спектакуларно го прослави својот 48 роденден во Мајами! Славеничката јавноста ја воодушеви со трендовскиот бел костум и 7-катната торта.…

Викторија Бекам, модна дизајнерка и сопруга на познатиот англиски фудбалер Дејвид Бекам, во неделата наполни 48 години, а по тој повод приреди спектакуларна роденденска забава. Поранешната членка на групата „Спајс“ го прослави својот ден во друштво на пријателите и семејството во ресторанот „Sushi Fly Chicken“ во Мајами, а модната јавност ја воодушеви носејќи скап бел костум кој потсетува на препознатливиот модел на Valentino, а Меган Маркл неодамна го прошета. …

Откако Дејвид и Викторија Бекам минатиот викенд го венчаа својот најстар син Бруклин Бекам, кој на раскошна венчавка заплови во брачното води со наследничката Никола Пелц, успешниот дизајнер со поранешниот англиски репрезентативец викендов имаа уште една прослава!

Имено, 48-годишната Викторија Бекам организирала гламурозна роденденска забава во Мајами, а јавноста ја воодушеви трендовскиот бел костум и 7-катната торта.

Сопственикот на ресторанот во кој се одржа прославата, Дејв Грутман, на својот Инстаграм профил сподели снимка од моментот кога Викторија првпат ја виде роденденската торта распослана на неверојатни 7 ката, од кои некои вклучуваат фотографии од дизајнерката како и нејзиното име.

На роденденската забава присуствувале и двајцата синови на Викторија и Дејвид Бекам, 19-годишниот Ромео Бекам и 17-годишниот Круз Бекам, како и 10-годишната ќерка Харпер Севен. Додека Ромео и Дејвид се одлучија за бели маици и кожени јакни, Круз отиде на малку полежерен „изглед“ во син џемпер и кафени панталони, а најмладата Харпер изгледаше прекрасно во бел фустан со цветен дезен.

Викторија Бекам ја доби најубавата роденденска честитка од својот 46-годишен сопруг, кој и го честиташе роденденот преку социјалните мрежи со порака која воодушеви многумина.

„Среќен роденден на најубавата сопруга, мама и бизнисменка. Ти посакуваме најубав ден затоа што го заслужуваш. Сите те сакаме многу“, рекол Дејвид покрај фотографијата на која разменува бакнежи со Викторија на романтична плажа.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement