Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Каква идеја! Преносна куќичка од 7,5 квадрати за кампување која можете да ја поставите каде ќе посакате

Куќата е целосно изолирана од ветер, дожд, снег и други метеоролошки појави, така што може да се користи во текот на целата година во различни клими. Камп Бививи е име на компанија со седиште во Портланд, Орегон, која ги воодушеви светските патници со својата модуларна преносна куќа.

Преносната куќа ви овозможува да престојувате на различни места низ светот – без разлика дали сакате да ја поставите во дворот на вашата куќа или да ја однесете со вас на кампување. Зад овој пронајдок стои група на страствени патници и авантуристи кои сакаа да му понудат на пазарот едноставно решение за попријатен престој во природа со минимално влијание врз околината и природата. Затоа во конструкцијата се користеа одговорно собрани и издржливи материјали, кои гарантираат долговечност на производот.

Куќата се простира на 7,5 квадратни метри, широка е 2,5 метри, долга 3,5 метри и висока 3,2 метри. Има доволно простор да се стави кревет со целосна големина и, ако сакате, помала работна маса. Куќата може да се прилагоди на личните потреби на поединецот и да додаде електрична енергија, соларни панели, греење и мебел. Внатрешноста е обложена со борови штици, и вклучува голем прозорец со одличен поглед на околината каде и да сте. Куќата е целосно изолирана од ветер, дожд и други метеоролошки појави, така што може да се користи во текот на целата година во различни клими.

Преносната куќа многу лесно се пренесува на посакуваната локација со камп приколка од истата компанија. Од фабриката, пак, доаѓа комплексно комплексно и подготвено за употреба. Куќата во моментов е достапна само на американскиот пазар и се продава за 19.000 американски долари.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
grandpashabet   holiganbet   casibom   casibom