Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Макрон и Ле Пен се шокирани од платата на лидерот на групата Stellantis …

На телевизиската конфронтација минатиот петок, францускиот претседател Емануел Макрон и Марин Ле Пен беа шокирани од платата на лидерот на групата Stellantis , Карлос Таварес.

Според Ројтерс, неговиот годишен приход е 19 милиони евра, а има пакет акции во вредност од 32 милиони евра и долгорочен надомест од 25 милиони евра.

Вкупно 76 милиони евра!

  • Овде зборуваме за астрономски износи, треба да поставиме горна граница. Не е нормално луѓето да имаат финансиски проблеми, тешкотии и нервози во животот додека гледаат такви суми. Општеството може да експлодира, заклучи Макрон.

Слично размислува и Ле Пен: „Шокирана сум од сумите, но морам да признаам многу помалку отколку во некои други случаи,Stellantis барем прави профит“.

Портпаролот на Stellantis изјави дека компанијата не ги коментира ставовите на политичарите, но посочи дека Таварес ја довел компанијата од работ на банкрот до лидерска позиција.

Stellantis е четврти по големина производител на автомобили во светот и втор во Европа, а е создаден со спојување на италијанско-американскиот Fiat-Chrysler и француската групација PSA. Има повеќе од 280.000 вработени ширум светот.

Прочитај

Green Tea

Храна што ги влошува главоболките. Честите временски промени, хормоналните промени (како што е менструалниот циклус кај жените), високиот позитивен или негативен стрес, пушењето и...

Green Tea

Студеното време често доведува до сувост и лупење на усните, поради што карминот може да ги нагласи малите пукнатини и неправилности. Еден од начините...

____celebrity

Толку голем човек, и таков финансиски ужас што можеше да го доживее Новиот филм на Том Круз „Копач“, во режија на Алехандро Гонзалез Ињариту,...

____celebrity

Кејти Холмс го покажа своето ново момче на црвениот тепих. Додека многу холивудски ѕвезди поминуваат часови подготвувајќи се за своите појавувања на црвениот тепих,...

Advertisement