Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

КАЈЛИ МИНОГ ГИ ОТКРИВА ТАЈНИТЕ ЗА УБАВИНА ЗА КОИ НИ Е ТЕШКО ДА ПОВЕРУВАМЕ: Дали е навистина толку лесно да изгледаш толку добро?

Кајли откри дека сака да вежба – со своја музика!
Во песната „Златна“ Кајли Миног вели „Не сме млади, не сме стари, златни сме“, со што сакаше да им порача на луѓето да блеснат во секој момент од животот. И тоа е нешто што навистина е важно за неа. Во нејзините 50-ти години, Кајли изгледа исто толку блескаво и фит како во раната кариера, и секогаш е полна со енергија на сцената.

Па, секако, се запрашавме – како изгледа рутината за убавина на познатата „Џебна Венера“?

„Ужасно,само фаќам што и да ми дојде при рака,серум, навлажнувач. Можеби ставив малку кремасто руменило на образите и маскара на очите„.Кајли Миног накратко ја објасни својата рутина за нега на Wall Street Journal, давајќи го својот совет пред неколку години:“ Користете заштитен фактор, исчистете го лицето навечер, одете кај добар дерматолог ако имате време, јас ретко го имам”.

Што се однесува до вежбањето, таа признава дека е во најдобра форма кога е на турнеја, но во „обични“ денови работи најмалку 15 минути на апликацијата Yoga Studio. „Знам да вежбам и без апликацијата, но благодарение на женскиот глас и фактот дека е темпиран, брзо поминува и се чувствувам добро. Ако има подвижна лента во близина, ќе го направам и тоа. Но, ние Миногите не трчаме, само одиме.Сакам и пилатес, но мојата најдобра вежба е да бидам на турнеја. Никогаш не сум била толку фит како кога сум на турнеја, па едвај чекам да одам повторно. Тоа е она што му треба на моето тело“.

Музиката е клучна кога станува збор за физичката активност, а Кајли е мотивирана од нејзината: „Пред неколку недели го слушав моето ново демо на лента за да видам што е добро, што треба да се промени,преслушувајки го поминав многу километри…’

Но, она што Кајли го забележува пред нејзиниот физички изглед е позитивната енергија со која зрачи, а една од тајните е да го следи најдобриот совет што одамна го добивала: „Држете се само до мислењата на луѓето што ги почитувате“.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement