Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

„Така прават вистински диви“: Мишел Фајфер во издание кое ги надминува сите трендови

Во Лос Анџелес се одржа премиерата на серијата „Првата дама“, која на американската телевизиска мрежа Шоутајм ќе започне да се прикажува на 17 април. Во драмската серија на Арон Кули, голем број познати актерки ќе се појават во улогите на поранешните први дами на САД.

Виола Дејвис ќе ја игра Мишел Обама, Џилијан Андерсон ќе ја игра Елинор Рузвелт, а Мишел Фајфер ќе ја игра Бети Форд.
Сите три дами се појавија на премиерата, а најголемо внимание привлече Мишел, која ретко се појавува во јавноста.

Во едно неодамнешно интервју, таа призна дека потпишала договор за снимање на оваа серија уште пред да го прочита сценариото.

Кога режисерката Сузан Биер, со која бев желна да работам, ми се јави и ми кажа дека работи на проект и сака да ја играм Бети Форд, јас само ѝ реков дека може да смета на мене. Како и повеќето луѓе, знаев за Бети Форд поради истоимената клиника која спаси животи на илјадници луѓе. Знаев и за нејзините проблеми со зависноста.

Сè на сè, тоа е една интересна приказна што сакав да ја раскажам и почувствував дека е важна. Бети беше популарна по нејзината искреност, беше отворена и транспарентна за нејзината борба. Таа не се плашеше од теми кои беа табу во тоа време, изјави Мишел.

Познатата 63-годишна Мишел на премиерата дојде во елегантен црн костум,искомбиниран со свилена кошула во иста боја и мрежести салонки. Нејзиното издание го надополни со златен накит, ефективно синџирче за и висечки обетки кои одлично се вклопуваат во комбинацијата на црна облека.

Така прават вистинските диви, е еден од коментарите на корисниците на социјалните мрежи, кои го пофалија нејзиното пристојно и елегантно издание.

Прочитај

Wall Street

Samsung одлучи да ја затвори својата услуга Samsung Max, апликација за приватност и заштеда на податоци што ја користат повеќе од 50 милиони луѓе...

Green Tea

Брановите во косата се еден од најпопуларните избори со години, а со вирален трик на TikTok, ќе имате совршена фризура за пет минути. Постапката...

Cotton Club

Силуетата изгледа издолжена и хармонична, а половината е визуелно нагласена, а да не зборуваме за удобноста. Доколку барате панталони кои визуелно го стеснуваат вашиот...

Green Tea

Што треба да јадете, а што генерално да избегнувате? Промените во животниот стил, вклучувајќи ја исхраната и губењето на тежината, се главните начини за...

Advertisement