Актерот Брајан Остин Грин се огласи на социјалните мрежи откако некое време не беше активен за следбениците. Открил дека бил врзан за кревет поради болест.
Актерот Брајан Остин Грин минува низ тешки времиња во последните недели. Тој на Инстаграм откри дека бил заглавен во кревет поради тешка воспалителна болест на цревата.
„Изчезнав од Инстаграм некое време. Во изминатите шест и пол недели се борев со улцеративен колитис, што воопшто не беше забавно. Страшен момент. Шарна беше неверојатна. Во шестиот, седмиот месец од бременоста, таа се грижеше за три мали деца бидејќи извесно време бев врзан за кревет. Се грижеше за мене, не се жалеше, убава беше. Многу сум благодарен што имам некој како неа во мојот живот“, изјави актерот.
Тој додаде дека сега се чувствува добро и најави дека се враќа на снимањето на својот подкаст.
Во коментар под објавата, тој беше контактиран од девојката и танчерка Шарна Бурџис изненадена од убавите зборови кои актерот и ги упати.
„Душо, ова беше убаво и неочекувано. Те сакам, и ти го чувам грбот, ти и децата, секогаш“, му напишала.

Брајан и Шарна се запознале преку заеднички пријатели откако тој се разведе од актерката Меган Фокс во 2020 година. Веќе на крајот на истата година се шпекулираше дека актерот и танчерката се во врска, а гласините ги потврдија во јануари 2021 година кога Шарна објави заедничка фотографија на Инстаграм. Извори блиски до парот тогаш изјавија дека нивната врска од ден на ден е се посилна, а тие се се позаљубени.
„Таа е неверојатна. Моите деца го сакаат тоа и сега е победничка ситуација. Јас целосно ја сакам. Тоа воопшто не е доведено во прашање“, изјави Грин во интервју за Entertainment Tonight.
Двојката љубовта ќе ја круниса со бебе кое наскоро треба да се роди, а Шарна откри дека ќе добие машко бебе.
Актерот од бракот со Меган Фокс има три деца, а нивниот развод пред две години ја шокираше јавноста. Поранешните сопружници се запознале во 2004 година на снимањето на серијата „Hope & Faith“, кога таа имала само 18 години, а тој 30.
И додека не му паднало на памет да се занимава со неа, таа го освоила, докажувајќи дека е многу позрела отколку што мислел. Тие се верија во 2006 година, а во 2009 година првпат раскинаа, но следната година се смирија. Набрзо повторно се вериле, а само неколку дена подоцна се венчале.

Покрај тоа што има три деца, Меган му беше маќеа на синот од неуспешната врска.
Во август 2015 година јавноста била шокирана од веста дека се разведуваат, но никогаш не ги потпишале документите. Наместо последен одмор, пристигна трето дете, но во мај 2020 година дојде конечниот крај.
Меган потоа започна контроверзна врска со Кели. Таа откри и дека си пиеле крв за да останат вечно поврзани, а набрзо се вериле.
