Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Напиток кој го оживува организмот: Чаша полна со витамини и минерали за добар почеток на денот

Експертите тврдат дека без силен имунитет нема добро здравје. Тоа е секогаш приоритет, особено во овој период кога настинките се почести.

Најдобар начин за зајакнување на целиот организам е да пиете пијалоци и намирници кои се богати со витамини и минерали.

Напиток од ѓумбир, лимон и мед, брзо и лесно се подготвува, а е одличен избор за зајакнување на имунитетот, но и за чистење на организмот од токсини. Како што го зајакнува вашиот метаболизам, може да го забрза процесот на губење на тежината.

Ѓумбирот е вистинска ризница на минерали и витамини Б6, Б12, магнезиум, натриум, калциум, железо и други елементи. Лимонот е богат со витамин Ц, а медот го зајакнува имунолошкиот систем на организмот.

За да го подготвите овој пијалок ќе ви требаат следниве состојки:

– корен од ѓумбир со големина од 5 см
– 2 лажички мед
– сок од 2 лимони
– еден литар вода

Сите наведени состојки ставете ги во бокал и мешајте додека не се соединат, односно додека не се растопи медот. Потоа ставете го бокалот во фрижидер и оставете да отстои најмалку три часа.

Напитокот процедете го, по што е подготвен за консумирање.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement