Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

просото е идеална житарка ,ја зачувува виткоста -Кашата од просо има голем број здравствени придобивки

Просото не го оптоварува желудникот, а ако се комбинира со зеленчук и здрави масти долго ќе ве држи сити.

Откако кашата од овес и ленено семе станаа редовни на трпезите за појадок, житариците како пченка, пченица и просо паднаа во втор план.

Ова е голема штета, барем кога станува збор за просото, бидејќи тоа е една од намирниците кои се добри и за здравјето на желудникот и за целосниот уринарен систем.

  • Просото содржи изобилство на железо, калиум, флора, јод и фосфор.
  • Покрај тоа, ситното жолто зрно содржи комплекс од витамин Б, како и витамини А, Ц, Д и Е, но и растителни влакна и растителни протеини. Бидејќи не содржи глутен, лесно се вари и не се прилепува на цревниот ѕид. Конечно, просото е вистинска ризница на магнезиум и го поттикнува исфрлањето на вишокот течности од телото.
  • Просото поволно делува на работата на гастроинтестиналниот тракт, а добро е и за здравјето на црниот дроб. И тоа не се сите здравствени придобивки од просото – тој е идеален сојузник за стекнување витка линија.
  • За луѓето кои сакаат да ги изгубат вишокот килограми, просото е идеална житарка која можете да ја јадете како каша за појадок или како прилог за ручек. Нема да го оптоварува желудникот, а доколку се комбинира со зеленчук и здрави масти долго ќе ве држи сити. Со оглед на тоа што има благ јаткаст вкус, просото ќе ја задоволи и желбата за слатко.

Доколку се одлучите да го вклучите просото во исхраната, треба да знаете како да приготвите каша на наједноставен начин:

  • Во тенџере сипете 50 грама просо, прелијте го со ладна вода, па исцедете ја водата и прелијте нова. Сè додека на површината на водата се појавуваат меурчиња, треба да го исплакнете просото за да ја елиминирате фитинската киселина, која му дава горчлив вкус. Кога водата конечно ќе остане чиста, оставете го просото да преноќи. Наутро процедете го, прелијте со 200 милилитри вода и варете на тивок оган како оризот. Кога просото ќе ја впие водата, извадете го тенџерето од ринглата, додадете малку хималајска сол и две лажици маслиново, ленено или кокосово масло, нежно промешајте и оброкот е готов.

Просото можете да го комбинирате и со варена брокула или карфиол, како и со сезонска салата и парчиња сирење.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement