Пејачката на својот Инстаграм објави фотографија во бикини и на тој начин се пофали дека по трет пат ослабела 45 килограми. “Три пати изгубив и вратив 45 килограми, па мислев дека овој момент никогаш нема да се случи, но пролетните празници конечно ги поминувам во бикини. Напорна работа, решителност и самољубие”, напиша таa.
Нејзината напорна работа и одлучност изгледа се исплатеа, а нејзините следбеници на Инстаграм тоа го забележаа. „Честитки,тоа е многу напорна работа“, „како го постигна тоа?“, „Блескаш“, беа само дел од коментарите за нејзината феноменална трансформација.
Да потсетиме, Џесика Симпсон ја паметиме како талентирана пејачка која се гордееше со својата витка линија. Иако нејзината тежина одвреме-навреме варираше, таа никогаш не поминала толку драстично со вишокот килограми. Минатата година се здебели 110 килограми, а во шоуто со Елен зборуваше за борбата со вишокот килограми и дека поради тоа имала психички проблеми. Тие на крајот ја однеле на пат до алкохолизам.
“Не бев ни свесна колку пијам. Мислев дека пиењето ме прави похрабра и имам поголема самодоверба, но се чинеше спротивно. Всушност, молчев поради алкохолот. молчев и бев нема .
Пејачката денес изгледа сосема поинаку, а Џесика за рекордно време изгубила дури 50 килограми вишок килограми.
