Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

АЛЕКС РОДРИГЕЗ ПО СВЕРШУВАЧКАТА НА ЏЕЈ ЛО: Сите му се смеат поради неговата Провокативна реакција…

По веридбата на Џеј Ло и Бен Афлек, поранешниот партнер на пејачката Алекс Родригез стана предмет на потсмев на социјалните мрежи.Додека сите светски медиуми пишуваат за свршувачката на Џенифер Лопез и Бен Афлек, поранешниот свршеник на латино дивата Алекс Родригез многу брзо се соочи со убоди и провокации на сметка на неуспешната врска со Џеј Ло.

За време на гостувањето во емисијата „Sunday Night Baseball“ на ESPN 2, водителот и коментатор Мајкл Кеј суптилно ја спомна веста за свршувачката преку дискусија со Родригез за натпреварот помеѓу Yankeesa i Red Soxa.

„Времињата за спорт се одлични. Имате нов шампион на Мастерс, започнува плејофот во НБА, бејзболот е во полн ек, луѓето веруваат. Мислам, времињата во светот се среќни“, му рекол Мајкл на Алекс.

Пред да одговори, 46-годишниот Родригез се насмеа и додаде:

„Среќата и мирот во светот е она што го бараме“, а после тоа поранешниот бејзбол играч само седел и молчел неколку секунди, а потоа ја сменил темата и се вратил на коментирање на играта.

Имено, гостувањето во спортската емисија следеше два дена откако 52-годишната Џенифер минатиот петок ја потврди свршувачката со Афлек. Пејачката во краткото видео рече: Патем, „Ти си совршена“, гледајќи го впечатливиот зелен скапоцен камен што блескаше на прстот од левата рака.

Инаку, пред да ја обнови романсата со Бен, Лопез била во врска со Родригез. Поранешниот пар почна да се забавува во 2017 година, а се верија две години подоцна.

Свадбата закажана за 2020 година беше одложена поради пандемијата на корона вирусот, по што следеа гласини за неверството и авантурата на Алекс со реалити ѕвездата Медисон Лекрој, што поранешниот бејзбол играч жестоко ги демантираше. Откако ги негираше шпекулациите за раскинувањето во март 2021 година, парот ја прекина врската само еден месец подоцна.

“Сфативме дека сме подобри како пријатели и сакаме да останеме такви. Ќе продолжиме да работиме заедно и да се поддржуваме на заеднички работи и проекти. Си посакуваме се најдобро еден на друг, како и на нашите деца. Од почит за нив, единствениот коментар сепак треба да им се заблагодариме на сите што ни дадоа убави зборови и поддршка“, напишаа тогаш Џеј Ло и Алекс во заедничката изјава.

Нешто подоцна истиот месец, пејачката и актерка беше снимена во друштво на Бен Афлек. Парот во мај потврди дека е во врска, откако веќе беа вљубени од 2002 до 2004 година, кога планираа и брак.

Поранешниот бејзбол играч на барање да ја коментира новата љубов на неговата поранешна вереница само одговорил: „Ајде, Јенкис“, а подоцна изјавил дека времето поминато со Лопез му го донело животот во ред.

„Имав пет години неверојатен живот и врска и научив многу со моите ќерки. Сега имаме можност да продолжиме и да кажеме: „Знаеш што? Многу сме благодарни за последните пет години , и ќе видиме како ќе ги поминеме следните пет години.’ со она што го научивме ‘”.

Родригез има две ќерки, 17-годишната Наташа и 13-годишната Ел,со Синтија Скуртис. Како што зборуваше тогаш по раскинувањето со Лопез, тој сака да се фокусира на нив и нивниот развој.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom