Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Памела Андерсон дебитираше на Бродвеј: Вака ја портретира Рокси Харт во мјузиклот „Чикаго“

Памела Андерсон го имаше своето деби на Бродвеј во вторникот вечерта кога влезе во екипата на долгогодишниот мјузикл „Чикаго“. 54-годишната девојка, која ја толкуваше главната улога на Рокси Харт, блесна додека на крајот од настапот прифати букет црвени рози и уживаше во аплаузот на публиката.

Додека се поклонуваше, Памела и пријде на колешката Лана Гордон, која го толкува ликот на Велма Кели.

Критичарот Џони Олексинск рече дека Андерсон пеела „многу добро“ и дека успеала да изведе сложена кореографија на финалето на мјузиклот, вклучувајќи го и тркалото.

Пред Памела, многу познати личности ја глумеа Рокси Харт во „Чикаго“, од Брук Шилдс, Ешли Симпсон, Лиза Рајн, Ерика Џејн, Кристи Бринкли, Мелани Грифит, пишува „Дејли мејл“.

Памела неодамна во емисијата „Good morning America“ откри дека нејзината претстојна документарна серија на Нетфликс делумно ќе ги покрие нејзините подготовки за „Чикаго“.

Погледнете како изгледаше дебито на Памела Андерсон на њујоршкиот Бродвеј:

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement