За врската помеѓу Вил Смит и неговата сопруга Џејд Пинкет Смит и понатаму се зборува и пишува. Откако актерот му удри шлаканица на комичарот Крис Рок, социјалните мрежи се полни со тврдења за врската помеѓу Вил и Џејд, која многумина ја нарекуваат токсична.
Интернетот беше преплавен со стари снимки од шоуто на Џејд „Red Table Talk“, а во најновата снимка од 2018 година што протече, Вил зборува за моментот кога за малку ќе ја оставил сопругата.
Вил рекол дека за малку ќе ја оставил кога таа му рекла да „замолчи“ пред гостите. Потоа го грабнал весникот, ја удрил по глава и побарал да разговара со неа во друга соба.

ој се присети дека тогаш ѝ рекол:
„Џејд, еве како: пораснав во дом во кој го гледав татко ми како ја удира мајка ми во лице и не сакам да создадам дом каде што има вулгарност и насилство. Ако мораш така да зборуваш со мене, не можеме да бидеме заедно. не користиме вулгарност во нашите интеракции. Нема да го креваме гласот. Нема да бидеме насилни. Не можам да го сторам тоа“.

Тој раскажал дека Џејда му рекла да не ја удира „по глава“, по што Вил и рекол да излезе. Џејда потоа прашала дали навистина би раскинал со неа поради некои зборови, а Вил рекол: „Да токму така”.
Актерот во емисијата додаде: „Поминаа 20 години откако во ниеден разговор не сме употребувале вулгарни зборови. Не сме употребувале вулгарни зборови во ниту една дискусија, никогаш не сме го кревале гласот, сме присуствувале на курсеви за комуникација,и сето тоа – и никогаш не сме имале насилство“.
