Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Површина малку поголема од фудбалско игралиште: Како изгледа животот на најгусто населениот остров во светот? (видео)

Многумина тврдат дека Санта Круз дел Изолте е најгусто населен остров во светот. Станува збор за вештачки остров составен од корали, камења и песок наноси на архипелагот Сан Бернандо во Колумбија, кој зафаќа само еден хектар или околу 12.140 квадратни метри. За споредба, тој е помал дури од единствениот наш остров Голем Град, кој се простира на 0,18 квадратни километри.

Според пописот од 2016 година, во околу стотина трошни куќи на островот живеат 485 луѓе, од кои повеќе од половина се малолетни. Локалните жители тврдат дека реалната вистина е поинаква и дека Санта Круз е населен со повеќе од илјада луѓе.

Овде нема многу содржина – на островот има само неколку продавници и едно училиште, а повеќето живеат многу скромно и преживуваат благодарение на риболовот и туризмот. Сите пари од туристите кои го посетуваат Санта Круз дел Изолте за да го видат животот на најгусто населениот остров одат во заедничката каса.

Иако островјаните немаат многу земни добра, никој не легнува гладен. Заедницата се грижи за сите членови. Ако некој се разболи и мора да оди на соседниот остров да оди на лекар, секој ќе даде по неколку денари за тоа да се случи.

Поради недостаток на простор и капацитети, жителите често патуваат на соседните острови во архипелагот како Тинтипан или Мукура за да излезат надвор, да се забавуваат, да најдат работа – добар дел од работата во хотелот The Mucure Island – или дури и да ги закопаат мртвите. Санта Круз, всушност, нема гробишта.

Нема недостиг од струја. Откако јапонската влада им подари соларни панели, островот произведува доволно електрична енергија за сите жители.

Погледнете го животот на најгусто населениот остров во светот во видеото на YouTube World Nomad.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement