Постои едно растение кое може да ни помогне со повеќе здравствени проблеми.
Многу луѓе ширум светот го имаат ова растение во својата кујна – и го користат како зачин.
Тоа е жалфија, која најчесто се консумира како чај, бидејќи најефективно влијае на здравствените проблеми, како што се болки во грлото, стомачни проблеми, прекумерно потење и слично.
Жалфијата има стимулирачки ефект врз централниот нервен систем и дигестивниот тракт, а може да помогне и при треска. Природно ја чисти крвта и е одличен детоксификатор.
Освен тоа, жалфија е корисна како производ за нега на коса, средство за чистење тело, но и смирувачки напиток кој може да ја ублажи главоболката предизвикана од стрес и нервоза.

Жалфијата е и хормонски регулатор и се користи против потење, кај заболени од туберкулоза, но и за време на пубертетот и менопаузата.
Го чисти црниот дроб, ја забрзува функцијата на бубрезите.
Додека пастите за заби не постоеле, старите народи користеле листови од жалфија за чистење и заштита на непцата.
Чајот од жалфија нема пријатен вкус, но секако е подобра опција во споредба со тоа што ни треба пародонтолог.
Нема посилен лек зa болки во грлото од жалфија.
Доволно е да ја исплакнете устата со чај од жалфија, бидејќи жалфија има антисептично дејство и ја зајакнува слузокожата. Жалфијата се користи за прочистување на телото.
