Сопругата на францускиот претседател Брижит Макрон редовно се наоѓа на топ листите за најдобро облечени, а нејзиниот стил е елегантен, минималистички и многу софистициран
Сопругата на Емануел Макрон најдобро се чувствува во парчиња кои ѝ ласкаат на фигурата и ја следат линијата на телото.

Таа не сака да експериментира и најчесто носи парчиња како јакни или палта над коленото кои одлично и прилегаат.
Нејзиниот моден стил е безвременски и минималистички, иако сака да носи и парчиња како кожени панталони, слаби фармерки или ретро мини фустани, поради што често беше критикувана, но не беше обесхрабрена.

Таа се одлучи и за своето омилено парче елегантно палто, кога излезе на гласање во Ле Туке за да гласа во првиот круг од француските претседателски избори.

Белиот капут се покажа како одличен избор за Брижит Макрон, а без грешка го надополни со тесни фармерки, бела кошула и штикли.
Препознатливите боб фризури и очилата за сонце беа совршени додатоци на ова пролетно издание на Брижит Макрон и сигурно ќе инспирираат многу љубители на деловната елеганција.

