Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Манекенката проговори за нарушувањата во исхраната: „Тоа е најголемата замка во која сум се нашла“

Матилда сака да ги освести девојките дека модната индустрија не е онаква каква што тие ја претставуваат…

Матилда Додс (24) од Австралија е модел и на прв поглед има се што може да посака една жена – пари, слава, убавина, патувања, луксузен начин на живот…

Сепак, Матилда нашироко се осврна на нејзината долгорочна борба со нарушувањата во исхраната, многу чест проблем кој најмногу ги „погодува“ тинејџерките и младите девојки.

Матилда пораснала во градот Бајрон Беј, северниот дел на Нов Јужен Велс, имала 14 години кога првпат се заинтересирала за манекенство и 15 кога потпишала договор со водечката агенција IMG.

Таа веднаш штом го завршила училиштето на 18 години се преселила во Париз и почнала да работи како модел, а како што вели се изгледало идеално до моментот кога се отворила темата поврзана со нејзината тежина.

– Мислам дека на модните агенти треба да им се забрани да пристапуваат и да потпишуваат договори со девојки кои се помали од 16 години – изјавила Матилда.

Според неа, годините поминати во светот на модата се „најголемата замка“ во која се нашла.

Сега, Матилда сака да ги направи девојките свесни дека модната индустрија не е онаква каква што тие ја претставуваат.

– Кога отидов во Париз, живеев во ужасен стан со минијатурни чаши насекаде. Тогаш си помислив, дали е ова за да јадеме помалку и дали вака индиректно не контролираат? Девојка од Холаднија живееше со мене и ја вратија по неколку дена, бидејќи нема ‘идеална’ тежина – се сеќава оваа девојка.

Како што вели, никогаш експлицитно не и било кажано дека мора да ослабе, освен еднаш во Париз. Но, дури и само еден пат кога слушнала дека нема соодветна тежина за работата што ја избрала, бил доволен за да добие нарушување во исхраната.

– Пет години бев на веганска диета. Во теретана „преспивав“ три часа, шест дена во неделата. Бев обземена од мојот физички изглед. Изгубив многу килограми, а кога видов дека ѓаволот ја презеде шегата, решив да се забавувам со неа – изјави Додс.

Матилда се вратила во куќата на нејзините родители и целосно го променила начинот на исхрана. Сега, вели, ужива во кифлички од сланина и се обидува да се избори со нездравиот однос на модната индустрија кон младите манекенки.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement