Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Серена Вилијамс: Исповед за трауматично породилно искуство, блиската смрт и закаснетата медицинска реакција

Само еден ден по царскиот рез, ситуацијата почнала да се комплицира, а Серена мислела дека нема спас бидејќи никој не ја сфатил сериозно со повикувањето на помош.

Серена Вилијамс и нејзината ќерка Олимпија се нераскинлив тандем и често објавуваат слики во идентични модни комбинации на најпознатите брендови. Четиригодишното девојче веќе е на пат да ги совлада тениските потези на мајка си. Нејзиното детство е среќно и исполнето, што исто така ја прави Серена неизмерно среќна, меѓутоа, во личната исповед објавена во магазинот „Elle“, една од најдобрите тенисерки детално го опишала болното, опасно по живот искуство кое го доживеала за време на раѓањето на нејзината ќерка.

Загрижувачки контракции
Серена имала релативно беспрекорна и безгрижна бременост, освен неколку главоболки и „чуден метален вкус“ во устата. Уште од самиот почеток, кога првпат дозна дека е бремена, на само два дена пред Отвореното првенство на Австралија во 2017 година, веста не ја спречи да победи на седум меча, сите по ред, во неделите што следеа. Но, допрва се нашла во уште еден поголем тест за физичка и емоционална издржливост.

Кога дошло времето да ја индуцираат Вилијамс и да прими епидурал, таа одбила бидејќи, како што тврди, уживала во грчевите и среќно се чувствувала во своето тело, кое било подготвено да го истурка бебето.

До следното утро, контракциите станувале посилни и побрзи, што довело до пад на пулсот на нејзиното бебе. Следејќи ги наредбите на медицинската сестра, Вилијамс лежела на страна за да го зголеми пулсот на бебето пред таа да биде подготвена повторно да турка. Само што потсвесно размислувала за епидурална анестезија, докторот со загрижено лице влегол и кажал дека ќе оди на итен царски рез.

Поради белодробна емболија од 2010 година, состојба која може да се повтори за време на бременоста, Вилијамс побарала од лекарите да и дадат хепарин за да спречат згрутчување повторно да ѝ навлезе во белите дробови.

– Разговарав со медицинската сестра. И реков: „Морам да направам CT скен на белите дробови од двете страни, а потоа треба да земам хепарин“, изјавила Серена, а медицинската сестра и рекла дека мисли дека сите лекови ја принудуваат да кажува луди работи.

Тенисерката одговорила дека знае за што зборува и дека и треба итно скенирање.

Набргу по нивниот разговор, Вилијамс развила кашлица која и предизвикала силна болка, нарушувајќи го нејзиното дишење. Никој навистина не ја послушал што таа постојано зборувала. Противењето на медицинскиот персонал на нејзините барања за дополнителна медицинска помош ја остави Вилијамс со силна физичка и емоционална болка.

– Сè што можев да помислам беше: Умирам, умирам. „О Боже мој“, додала таа.

Низ болката Вилијамс била упорна да ги убедува медицинските сестри.

Конечно, една медицинска сестра добила лекар, кого Вилијамс потоа морала да го убеди да направи скенирање на белите дробови. Како што очекуваше, видеото покажа згрутчување на крвта во нејзините бели дробови, откривајќи дека нејзината кашлица е резултат на емболија, згрутчување на една од нејзините артерии. Имала и хематом, згрутчена крв надвор од крвните садови во стомакот.

Санирање на проблемот
Проблемот со згрутчувањето, лекарите се обиделе да вметнат филтер во нејзините вени за да го разбијат згрутчувањето пред да стигнат до нејзиното срце, но бидејќи спортистите имаат поголеми вени од повеќето луѓе, процесот траел подолго од очекуваното, што изгледало дека болката се пролонгирала.

Блиските пријатели и семејството на Серена, вклучувајќи го и нејзиниот сопруг Алексис Оханијан, жестоко вознемирени чекале да заврши лекарската процедура. Една недела по породувањето и спасувањето на сопствениот живот залагајќи се за своите медицински потреби, Вилијамс направи четири операции – вклучително и итен царски рез, и конечно била во прифатлива состојба да ја напушти болницата со својата новородена ќерка.

– Од неможноста навистина да ја замислам во утробата, дојдов до точка дека сме целосно неразделни… Се испостави дека породувањето е тест за тоа колку гласно и колку често ќе треба да викам пред некој конечно да ме слушне – заврши таа.

Стапката на смртност е повисока кај жените со афро-американско потекло

За афроамериканските жени, стапките на смртност кај жените при породување се речиси три пати повисоки отколку кај белите жени. За да се намалат овие статистики, голем дел од работата лежи на здравствените работници и здравствениот систем. По трауматичното искуство, Вилијамс вели дека е благодарна за сите моменти кои оттогаш можела да ги помине со Олимпија.

– И покрај тоа што не можев многу да дојам, врската со Олимпија конечно беше неверојатна; тоа беше и награда и потврда за се што поминав – изјави таа.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement