Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

ЛЕНЕНА КАША СО ЈАЈЦА, ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ И АВОКАДО: Појадок кој ве одржува сити и го топи вишокот килограми

Доколку барате хранлив појадок кој во исто време е погоден за губење на вишокот килограми, оваа комбинација е вистинскиот избор.

На почетокот на новиот ден, на телото му треба голема количина на енергија. Затоа е важно да јадете хранлив појадок кој ќе ја одржува ситоста, а нема да го оптоварува желудникот.

Душанка Лачмановиќ, специјалист нутриционист-диететичар и санитарен инженер, препорачува комбинација од ленено семе со јогурт, варено јајце, јаткасти плодови и неколку кришки авокадо.

– Лененото семе е полно со влакна, јогуртот содржи калциум и добри бактерии, авокадото е полно со здрави масти исто како и јаткастите плодови, а вареното јајце е полно со протеини – вели Лачмановиќ.

– Оваа комбинација на храна полека се разградува, не предизвикува нагло скок на инсулинот, го поттикнува исфрлањето на вишокот течности од телото и ве одржува сити. Ваков појадок можат да го консумираат оние кои сакаат да се хранат здраво, како и оние кои се на рестриктивна диета бидејќи сакаат да ослабат.

Состојки:

– пет супени лажици ленено семе
– 180 мл јогурт
– 1 барено јајце
– една четвртина мало авокадо
– 50 г ореви

Доколку сакате подобро да ги искористите ленените семки, можете да ги сомелете во мелница за кафе непосредно пред да подготвите појадок, па дури потоа прелијте ги со јогурт и оставете ги да отстојат дваесетина минути.

– Овој појадок е идеален за оние кои се навикнати наутро да јадат нешто солено – вели Лачмановиќ.

– Предностите на кашата од ленено семе со јајце, авокадо и ореви во однос на пекарските производи или другите видови солени појадок се повеќекратни: без скриени шеќери или сол, без празни калории, без адитиви, без вештачки бои. Сè што добивате преку ваков појадок е чиста енергија која ќе го одржува вашето тело сито со часови.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement