Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Групацијатa volkswagen ќе „затвори“ 60 отсто од моделите со внатрешно согорување до 2030 година

Со доаѓањето на се повеќе електрични модели, има смисла тоа да значи почеток на крајот за моделите со внатрешно согорување.

Се чини дека секој производител на автомобили се движи кон повисок ранг, што може да објасни зошто евтината Dacia е толку популарна овие денови. И навистина, неодамна пишувавме за плановите на Alfa да претстави два нови теренци и седан од високата класа, а Audi неодамна најави и исклучување на некои модели од пониската класа.

Во секој случај, Volkswagen Group на некој начин најавува пробив во премиум сегментот на производители преку зајакнување на квалитетот на своите производи. Во тој процес, сака да се фокусира на значително помалку модели со постепено укинување на огромни 60 проценти од возилата со мотори со внатрешно согорување во следните осум години.

Важна најава даде главниот финансиски директор Арно Антлиц во интервју за Financial times: „Клучната цел не е растот. Ние сме повеќе фокусирани на квалитетот и маргините отколку на обемот и пазарниот удел“. Ова се однесува на европскиот пазар каде Volkswagen Group има повеќе од сто модели распоредени од бројни брендови.

Некои велат дека процесот е одамна започнат, бидејќи Skoda веќе е скапа како и нејзините еквиваленти на Volkswagen. Возилата VAG во последните години значително поскапеа, а се чини дека трендот ќе продолжи. Со доаѓањето на се повеќе електрични модели, има смисла компанијата да го сигнализира почетокот на крајот за моделите со внатрешно согорување.

Можеме само да се надеваме дека одлуката за преминување во повисок сегмент ќе влијае не само на бараната цена, туку и навистина на квалитетот на производот. Поради сè построгите регулативи за емисиите, очекуваме одлуката на групацијата VW да се однесува на конвенционалните мотори со голем капацитет.

Ова исто така може да значи дека групацијата VW најверојатно ќе ја напушти трката за најголемиот светски производител на автомобили по количина. Во 2021 година продаде 9,3 милиони возила, додека Toyota испорача 10,5 милиони. Во Европа, сепак, групацијата Volkswagen беше прва со 3,2 милиони возила, а Stellantis „на пети“ со 3,08 милиони возила.

Прочитај

Green Tea

Храна што ги влошува главоболките. Честите временски промени, хормоналните промени (како што е менструалниот циклус кај жените), високиот позитивен или негативен стрес, пушењето и...

Green Tea

Студеното време често доведува до сувост и лупење на усните, поради што карминот може да ги нагласи малите пукнатини и неправилности. Еден од начините...

____celebrity

Толку голем човек, и таков финансиски ужас што можеше да го доживее Новиот филм на Том Круз „Копач“, во режија на Алехандро Гонзалез Ињариту,...

____celebrity

Кејти Холмс го покажа своето ново момче на црвениот тепих. Додека многу холивудски ѕвезди поминуваат часови подготвувајќи се за своите појавувања на црвениот тепих,...

Advertisement