Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

ХОЛИВУДСКИТЕ ЅВЕЗДИ НАВИСТИНА ЖИВЕАТ КАКО ВО БАЈКА: Погледнете ја куќата во која живее Мишел Фајфер! (ФОТО)

Легендарната актерка одлучила да го продаде овој прекрасен имот во Пацифик Палисади.

Куќата е изградена во 2019 година, а ја купиле Мишел Фајфер и сценаристот Дејвид Е. Кели во јануари 2020 година.

Се наоѓа на една од најубавите локации во Лос Анџелес, помеѓу планините Санта Моника и Тихиот Океан.

Распоредот на отворениот концепт на куќата и ѕидот од дневната соба со врати кои водат директно во дворот со базен му даваат на просторот модерен внатрешен изглед, додека бројните камини, античките дрвени греди и засводените тавани во некои простории оставаат впечаток на елегантен простор без многу напор.

Главната спална соба зрачи со луксуз, има камин, француска врата што води до тераса со стаклени огради и две бањи, едната со када и тоалет, другата специјално дизајнирана за сегментот убавина: коса и шминка.

Во подрумот има голема просторија за гледање филмови, винарска визба во која можат да се сместат околу 500 шишиња, како и гостински спални соби.

Надворешниот простор вклучува бесконечен базен, топла када, салон и скалила што водат до уметничко студио сместено под тревникот на горното ниво и осветлено од сончевата светлина обезбедена од прозорците од подот до таванот. До студиото има приватен простор за седење, додека горниот надворешен простор гледа на уредените тревници на теренот за голф Ривиера.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement