Еиза Гонзалес се појави на премиерата на филмот Амбуланта во Лос Анџелес и покажа како жената може да изгледа елегантно и привлечно на одмерен начин.
Долгиот фустан со потпис на модната куќа Fendi е изработен од бели светки, со завеси од тул во темносина и црвена боја. Асиметричната креација е „надополнета“ со ланче со рубин од брендот Bulgari и дискретни обетки.
Еиза, исто така, пее и стекна популарност благодарение на мексиканскиот ТВ-роман Лола, Erase una vez. Од 2013 година живее во Лос Анџелес и успешно гради кариера и во Холивуд.
Да потсетиме, актерката се забавуваше со шест години помладиот колега Тимоти Шаламе, а претходно ја поврзуваа со многу други познати мажи – фудбалерот Кристијано Роналдо, актерите Лиам Хемсворт и Џош Дуамел, музичарите Малум и Калвин Харис. .
