Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Канје Вест го откажа доаѓањето во Коачела, фестивалот бара нова главна ѕвезда

Канје Вест се откажа од присуството на фестивалот за музика и уметност во долината Коачела, каде што требаше да биде водечка ѕвезда за време на двата викенда на музичкиот настан, кој ќе трае од 15 до 24 април, објави Тајмс.

Поради неговата одлука, организаторите на фестивалот имаат само две недели да најдат нова музичка ѕвезда, со оглед на тоа што Вест требаше да настапи на 17 и 24 април.

На раперот требаше да му се придружи Тревис Скот, но ниту тој нема да настапи, пишува TMZ кој прв ја објави веста.

Претставниците на Вест и Коачела не одговорија веднаш на барањето на Тајмс да ја потврдат или коментираат информацијата.

Вест претходно се закани дека нема да настапува на фестивалот Коачела, на кој оваа година настапува и младата американска пејачка Били Ајлиш.

Тој рече дека би направил исклучок само ако Ајлиш (20) му се извини на Тревис Скот бидејќи наводно на еден од нејзините концерти алудирала на фатален настан од фестивалот на Скот ‘Astroworld’.

Ајлиш еднаш го прекина концертот во Атланта бидејќи се чувствуваше како еден фан се мачи да дише. Откако на девојката и била укажана лекарска помош, таа продолжила со настапот.

После тоа, Канје на Инстаграм напиша дека верува дека оваа изјава алудирала на однесувањето на Тревис на концертот „Astroworld“ во Хјустон, каде во ноември во стампедо загинаа десет луѓе, а околу 300 од нив побарале лекарска помош. Тревис не го прекина концертот.

Во петокот, Сикс цитираше неименувани извори дека Вест и кажал на својата поранешна сопруга Ким Кардашијан „ќе побара помош“ откако со недели вербално ги напаѓал неа и нејзиниот нов партнер Пит Дејвидсон на социјалните мреж

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement