Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Шанел претставува нов часовник – J12 Diamond Tourbillon

Ова не е обичен J12, туку J12 Diamond Tourbillon кој првпат се појави на #WatchesAndWonders2022 во Женева на 30 март 2022 година.

Шанел е бренд кој беше пионер во употребата на керамика во производството на своите луксузни часовници. Сепак, покрај сето тоа, Шанел се уште делува како неоткриен скапоцен камен во светот на часовничарството, а тоа е пред се затоа што тие се најмногу посветени на модата. Оваа година Шанел претставува два нови часовници – J12 Diamond turbillon и J12 Caliber 12.2.

Дизајниран од Арно Шастан, J12 Diamond Tourbillon им носи нов изглед на класичните керамички спортски часовници. Замислен во Париз и создаден во La Chaux-de-Fonds, ова е првиот часовник што Шанел го направил во својата фабрика, а вниманието го привлекува дијамантот поставен во средината на турбилонот создавајќи бескрајно блескав спектакл. Се разбира, ова не е единствениот дијамант во играта – часовник од 38 мм, ограничен на 55 парчиња, има и дијаманти на рамката, стрелките и круната.

За нешто поскромно, тука е верзијата J12 Caliber 12.2 од 33 мм. Дизајниран од модната куќа Шанел и изработен од швајцарскиот производител на компоненти Кениси, J12 Caliber 12.2 е цврст и атрактивен часовник со автоматски механизам кој Шанел првично го нудеше во црно-бели керамички модели J12, кој е готов со 50 часа резерва на енергија и 200 метри водоотпорност подготвен за сè, од патеки до скијачки терени.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement