Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Првиот остров кој е крунисан со титулата италијанска престолнина на културата

Малиот остров во Неаполскиот залив минатата година беше прогласен за италијанска престолнина на културата за 2022 година. Откако титулата првпат е воспоставена пред осум години, Прочида е првиот остров во Италија што се круниса со оваа титула.

Градовите Перуџа, Палермо и Парма беа носители на оваа ласкава титула за минатата година. Ваквите градови, но и споменатиот остров, се горди носители на унапредувањето на културното наследство и туристичкиот развој, што опфаќа бројни проекти и иницијативи, насочени кон подобрување на самата дестинација, но и на целиот регион.

Еден од настаните кои ќе го промовираат овој италијански остров е најавен за следниот месец. Симболично наречен „Хартиени флоти“, овој настан има за цел да ги запознае посетителите и локалното население со малите чамци. Тие ќе бидат направени со помош на техники за оригами од деца кои живеат на островот. Во текот на проектот ќе бидат пуштени хартиени чамци да пловат низ заливот со цел да се укаже на чувствителноста на животната средина и потребата од нејзина заштита.

Според информациите, планирани се 44 културни проекти, додека целата програма ќе трае 330 дена. Во него ќе бидат вклучени дури 240 уметници, а ќе се организираат настани во рамките на осум реновирани културни простори. Меѓу нив, особено е интересна старата палата, изградена во текот на 16 век, која била претворена во затвор.

„Прочида може да се смета за метафора за многу места, многу администрации, многу заедници, кои повторно го открија ентузијазмот и се горди на својата територија“, изјави минатата година Раимондо Амброзино, градоначалникот на островот.

Аплицирајќи за оваа ласкава титула, островот Прочида претстави визија, симболично наречена „Културата не е изолирана“. Ова е една од главните причини зошто островот ја доби титулата италијанска престолнина на културата.

Објаснувајќи го својот избор, Комисијата за култура во соопштението додаде дека иницијативата е исклучително јасна и силна, бидејќи е „способна да пренесе порака, визија за културата што доаѓа од малиот дел на островот, како придобивка за сите нас, за земјата, и месеците што се пред нас“.

Зошто изборот падна на Прочида?
Најмалиот остров во Неаполскиот залив често е во сенка на многу попознати острови како Капри и Искија. И токму поради тоа што туристите најмалку го посетуваат, Прочида може да се пофали со автентичност. На островот живеат само околу 10 илјади луѓе. Меѓутоа, бидејќи зафаќа површина од само околу четири квадратни километри, на островот ќе почувствувате живост.

Една од клучните причини за изборот за културна престолнина на земјава за оваа година е поврзана со богатата традиционална уметност, со изобилството на занаетчиски работилници, особено во Марина Гранде.

Островот е познат и по својата исклучително богата историја, со антички грчки артефакти откриени низ Прочида. Историјата на островот го означува и периодот на владеењето на Чарлс III од Шпанија, кој направил личен резерват за дивеч на островот. Набргу потоа, таа стана главна станица за бродоградежната индустрија.

Благодарение на тоа, Прочида може да се пофали со богата и извонредна архитектура од различни историски периоди. Овде можат да уживаат и љубителите на нуркање, бидејќи во водите околу островот има бројни подводни археолошки локалитети.

Фановите на филмската кинематографија сигурно знаат за овој остров, бидејќи таму е снимен филм за Клеопатра, во кој главната улога ја играше Елизабет Тејлор. Нема сомнеж дека има нешто за љубителите на природата Прочида. Покрај тоа што во водите околу островот живее една од најголемите колонии на делфини на Медитеранот, од островот можат да се забележат и китови.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom