Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Куќа од 1930-тa, ништо не е променето и изгледа генијално

Куќата со три спални од 1930-тите, речиси недопрена откако е изградена, е ставена на продажба.Сопственичката живеела во неа со децении до нејзината 104-та година, а куќата е автентична поради оригиналната декорација.

Куќата од англискиот град Бристол беше пуштена на пазарот за прв пат од 1940-тите. Последниот сопственик живеел во куќата повеќе од 80 години. Куќата на Хенгроу Лејн МГ агентите за недвижности ја рекламираат како „впечатлива куќа со три соби полни со потенцијал“. Во близина е и до локални објекти, основно училиште и спортски терен

Самиот поглед на дворот и влезната врата ни дава до знаење дека имотот има многу оригинални карактеристики од времето кога бил изграден, во 1930-тите. Тие вклучуваат ниши полици, рози на таванот и оригинални кујнски елементи како што се вграден плакар за оставата, кујна. Горе се три спални соби, од кои две се двокреветни и бања. Има голема предна градина и пространа градина зад куќата. Според Кет Вилс, маркетинг менаџер во MG Estate Agents of Whitchurch, претходната сопственичка живеела во куќата до нејзината 104-та година.

Претходните сопственици немале деца, но разбираме дека парот бил многу активен во староста. Тие биле страсни патници и оделе во многу авантури низ светот. Лејди очигледно била талентирана музичарка која студирала на музичката академија и одржувала часови по пијано во предната соба од куќата“, објаснува таа.

Тие живееле во куќата од 1940-тите. „Голем дел од декорот е всушност оригинален декор од времето кога тие се преселиле“, додава тој. Куќата има шарени тапети и дезенирани килими во сите соби, а преовладува бојата на црвените теписи и завесите во беж тон со дезен, а во некои соби се среќаваат и бели и портокалови завеси. Бањата е изненадувачки розова, од бојата на ѕидовите до розовата када и мијалникот. Уникатната куќа, која изгледа како да залутала со текот на времето, се продава за 285.000 фунти, велат агентите за недвижности.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement