Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Кери Андервуд блесна на синоќешното доделување на Греми наградите, придружувана од нејзиниот згоден сопруг во едноставен костум

Кери Андервуд (39) блесна на синоќешните Греми награди во Лас Вегас.

Пејачката се појави во златен фустан на Долче и Габана со зашиени кристали во кој буквално блескаше и ги пленеше погледите цела вечер.

На доделувањето на престижните награди таа пристигна со сопругот Мајк Фишер, кој и се придружи во креацијата на Долче и Габана. Кери и Мајк навистина изгледаа како пар од бајките.

Нејзиниот сопруг, поранешен хокејар, и е голема поддршка, а овој пат и дозволи да биде во центарот на вниманието оваа голема музичка вечер. Мајк и Кери се запознале преку заеднички пријател по еден од концертите на Кери.

Стајлингот беше надополнет со висечки дијамантски обетки De Beers, а кога е шминката во прашање, таа како и секогаш се одлучи за smokey eyes изглед кој одлично дојде до израз.

Познатата кантри пејачка синоќа ја понесе наградата Греми за нејзиниот госпел албум „My Savior“.

Што се однесува до нејзиниот стил, таа е верна на карактеристичните комбинации на кантри пејачката. Тоа значи дека сака да носи блескави ѓердани, обетки и други висечки видови накит. Иако ваквиот стил не е популарен оваа сезона, Андервуд одлично го комбинира со основните бои и едноставните фризури.

Исто така, забележуваме дека дијамантскиот накит и светки во поедноставни комбинации се многу вратени во мода.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement