Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Кара Делевињ е ѕвезда на кампањата GEM DIOR JEWELRY 2022

Луксузниот бренд Диор ја претставува новата колекција накит Gem Dior за 2022 година, која ни ја претставува во рекламната кампања музата на брендот, Кара Делевињ.

Фотографирана во студиско опкружување од Дејвид Симс, Кара изгледа многу елегантно додека го претставува најновиот накит и новите часовници на Диор. Креативната директорка на накитот на Диор, Викторија де Кастелан, во новата колекција носи голем број неверојатни парчиња, вклучувајќи обетки, прстени, нараквици, часовници и ѓердани.

Облечена во розов фустан, Кара подарува накит од розово злато со дијаманти и украсни камења како тигарско око, заедно со розов опал. На втората фотографија Кара изгледа многу елегантно во црн костум облечена во часовник од нерѓосувачки челик украсен со дијаманти и црн седеф.

На третата фотографија од рекламната кампања се претставени парчиња жолто злато, односно ѓердани од новата колекција со медалјон од зелен малахит камен.

„Дизајнирана од Викторија де Кастелан, новата колекција GEM DIOR изненадува со својата органска апстракција, асиметрија и опсег на бои. Родени во суптилна хармонија помеѓу природата и модата, украсени со скапоцени камења, овие парчиња накит ќе го комплетираат секој стајлинг со храбар сјај“, велат од модната куќа Диор.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement