Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Мотоцикл со хартиени делови? (Видео)

Шведската компанија Cake со години произведува електрични мотоцикли, вклучувајќи и модел за фаќање ловокрадци во Африка. Производителот сака да направи уште поголем чекор во заштитата на животната средина и планира да вгради делови од хартија, наместо од пластика.

Нивните возила на две тркала се тивки, флексибилни и издржливи, но Cake сака дополнително да го намали јаглеродниот отпечаток и затоа работи со PaperShell, кој прави различни компоненти од природни влакна.

PaperShell истакнува дека нивните специјални материјали (100% целулоза) се поцврсти од пластиката, но имаат помалку штетни ефекти врз природата. Покрај тоа, тие се отпорни на вода, оган, УВ зрачење, гребнатини и удари.

Поради таа причина, Швеѓаните бараат можности да ја имплементираат оваа технологија во електричните мотоцикли.

Секако, промените во дизајнот и употребата на технологијата PaperShell би предизвикале револуција на пазарот. Секако ние ќе ги следиме понатамошните случувања и ќе ве информираме за новостите.

Помош за ренџерите
Потсетуваме дека Cake во 2021 година претстави проект, реализиран со властите на Јужна Африка.

Станува збор за соларно возило на две тркала Kalk AP (Anti-Poaching) кое им помага на ренџерите да се справат со ловокрадците.

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement