Ален Делон, легендарниот француски актер, по кого копнееле жените ширум светот, одлучил да го заврши својот живот со евтаназија во Швајцарија. Јавноста беше шокирана од неговиот син, Ентони Делон, кој во интервју за француски RTL откри како татко му барал помош од него и како се согласил да биде со него во последните моменти од неговиот живот…
Ален Делон, еден од најпознатите и најхаризматичните француски актери има голем број здравствени проблеми и поради таа причина решил да изврши евтаназија со која сака да стави крај на својот живот. Одлуката на 87-годишниот познат актер ја шокираше светската јавност, а неговата желба ја откри неговиот син Ентони Делон.

Иако со својата одлука шокираше многумина, Ален Делон, како и неговата поранешна и покојна сопруга Натали Делон, која почина во јануари минатата година, беа поборници за евтаназија.
„Евтаназијата е најлогична и најприродна работа. Од одредена возраст и животни околности, имаме право да го напуштиме овој свет тивко, без мешање на болниците кои ја продолжуваат вашата агонија со инјекции и помагала за одржување на животот“, рече тој во интервју минатата година.

Ален Делон и Натали, која своевремено беше прогласена за една од најубавите актерки на светот, беа во брак од 1964 до 1969 година, а од тој брак го имаат синот Ентони, кој во интервју за француската RTL на јавноста и го откри планот на својот татко.Кога Натали заболела од рак на панкреасот, сакала да го остави достоинството за да избегне болна смрт, а нејзиниот син открил дека и во нејзиниот случај размислувале за асистирано самоубиство.

Како што пренесува францускиот “Lе Point“,евтаназијата ке се слуци овој викенд,во сабота (по локално време).
