Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Урбани легенди од пред 40-тина година и сега: 10 славни дами кои се прекрасни во секоја животна доба

Во холивудската „фабрика на соништа“ не е лесно, вечната младост има висока цена. Затоа многу дами се подложуваат на различни естетски зафати со цел да го забават процесот на стареење и да останат млади што подолго.

Но, има и такви кои својата борба ја покажуваат со гордост и достоинствено стареат. Една од нив е и оскаровката Хелен Мирен, која привлекува внимание со својот актерски талент, но и со беспрекорниот изглед на 77-годишна возраст.

Мерил Стрип е една од најголемите живи актерки на денешницата, која освојува и на 73 години со својата природност и едноставност.

Сузан Сарандон, која во октомври минатата година дувна 75 свеќички на роденденската торта и поранешната кралица на аеробикот Џејн Фонда, која го прифати својот природен изглед во третото доба, не ги кријат брчките околу очите и усните.

Се сеќавате ли како изгледаа овие актерки пред триесет, четириесет или педесет години? Ѕирнете во нашата фотогалерија и потсетете се на овие познати дами кои биле и останале убави во секоја животна доба.

Сали Филд во нејзините актерски почетоци и денес

Енди Мекдауел во април ќе го прослави својот 64-ти роденден

Џесика Ланг има 72 години

Сузан Сомерс има 75 години

Сигурни Вивер има 72 години

Џејн Сејмур неодамна дувнала 71 свеќичка на нејзината роденденска торта

Прочитај

Wall Street

Samsung одлучи да ја затвори својата услуга Samsung Max, апликација за приватност и заштеда на податоци што ја користат повеќе од 50 милиони луѓе...

Green Tea

Брановите во косата се еден од најпопуларните избори со години, а со вирален трик на TikTok, ќе имате совршена фризура за пет минути. Постапката...

Cotton Club

Силуетата изгледа издолжена и хармонична, а половината е визуелно нагласена, а да не зборуваме за удобноста. Доколку барате панталони кои визуелно го стеснуваат вашиот...

Green Tea

Што треба да јадете, а што генерално да избегнувате? Промените во животниот стил, вклучувајќи ја исхраната и губењето на тежината, се главните начини за...

Advertisement