Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

GUERLAIN EPICES EXQUISES – Најновиот додаток на колекцијата LES ABSOLUS D’ORIENT

Epices Exquises by Guerlain е најновото дополнување на ориенталната колекција Les Absolus d’Orient by Guerlain за 2022 година.

Ориенталната колекција на француската куќа Guerlain, Les Absolus d’Orient, беше претставена во 2014 година со првиот мирис Santal Royal. Потоа следеа неколку креации: Bois Mysterieux, Cuir Intense, Encens Mythique, Ambre Eternel, Oud Essentiel, Musc Noble и Patchouli Ardentod, кои беа претставени во периодот од 2014 до 2021 година.

Парфимерката Тери Васер се потопува во наследството на Блискиот Исток и ги открива сетилата кои се будат за време на патувањето, создавајќи мирисна композиција Guerlain Épices Exquises.

Основата е силна, зачинета и сензуална со црн пипер и дрвена тријада од пачули, уд (дрвен агар) и сандалово дрво, кои се комбинирани со висока доза на ароматичен кардамон, розова пиперка и зелена ангелика.

Шишето Guerlain Épices Exquises го следи обликот на претходните во колекцијата. Сепак, целата колекција на Les Absolus d’Orient е естетски обновена: понови изданија повторно се лансираат во проѕирни стаклени шишиња кои се обоени со соодветни нијанси на мирис. За Épices Exquises беше избрана атрактивна светло-кафеава нијанса.

Концентрацијата е Eau de Parfum, во количина од 125 ml, достапна во одбрани продавници на Guerlain.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement