Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Ким Кардашијан: Уште едно смело издание за кое ќе се зборува со денови

Појавувањето на Ким Кардашијан на црвениот тепих никогаш не останува незабележано, а така беше и кога ѕвездата се појави на забава организирана од американскиот магазин Vanity Fair по доделувањето на Оскарите.

На оскаровското „after party“ Ким Кардашијан пристигнала во светло син фустан од модната куќа Баленсијага, кој го покривал речиси секој сантиметар од нејзиното тело, но и ги истакна нејзините облини. Изгледот го подигнала на едно ново ниво благодарение на футуристичките сребрени очила, а дијамантските обетки беа заслужни за дополнителната доза на гламур.

Со тесен фустан со долги ракави со долг шлеп и отвори во задниот дел, ѕвездата комбинирала црни чевли со високи потпетици. Косата ја стилизирала во опавче која прекрасно се спуштала по нејзиниот грбот.

И овој пат, исто како и на Мет Галата во 2021, Ким облекла фустан чии ракави завршуваат со ракавици, но овој пат нејзиното лице било откриено.

Според некои, во ова издание Ким Кардашијан изгледала како санта мраз која се топи под сонцето, што може да се протолкува како коментар за климатските промени.

И овојпат за фустанот е заслужна дизајнерката на Баленсијага Демна Гвасалија, која на своите ревии често испраќа пораки за распаѓањето на Земјата и неактивноста на властите. Креацијата е дел од колекцијата на Баленсијага за есен/зима 2022 година.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement