Италијанската божица на убавината, како што често ја нарекуваат, Моника Белучи, дефинитивно никогаш не била една од познатите дами кои се застапници на рестриктивни диети, гладување и големо одрекување заради наметнатите стандарди поврзани со физичкиот изглед.
Таа ги консумира сите намирници и како и секоја вистинска Италијанка, најмногу ја сака тамошната кујна.
Омилено јадење и се тестенините со пармезан, вели дека ужива во храната, а кога треба да изгуби, да речеме, поради својата улога, почнува да применува едноставно и избалансирано мени.
Доколку сакате да се храните како италијанска убавица, ви го пренесуваме нејзиното мени за пет дена.
ПРВ ДЕН
Појадок
– 150 мл јогурт со јаболка
Ручек
– 200 г варено јунешко месо
– 200 г салата со една лажичка маслиново масло
– една кришка пченичен леб
Вечера
– една дланка свежи јагоди
– 150 грама ориз со една лажичка маслиново масло
– 50 г сирење
– 150 грама салата
ВТОР ДЕН
Појадок
– шолја кафе без шеќер
– тост и лажичка овошен џем без шеќер
Ручек
– Омлет од 3 јајца
– Две мали варени тиквички
– Едно парче интегрално лебче
Вечера
– 150 г варено месо по ваш избор
– салата
ТРЕТ ДЕН
Појадок
– шолја зелен чај со лимон
– тост со мед
– 1 грејпфрут
Ручек
– 200 грама варен или печен компир со малку магдонос
– 100 г нискомаслено сирење
Вечера
– 170 грама шпагети со маслиново масло
ЧЕТВРТИ ДЕН
Појадок
– Јогурт со 2 чаши мед
– 40 г сирење
Ручек
– 100 г ориз
– 100 г варена тиква
– 100 г варено јунешко месо
Вечера
– Чинија по избор овошје
– 200 г печена риба
– салата со маслиново масло
– едно парче леб
ПЕТТИ ДЕН
Појадок
– чаша свеж цеден сок
– 2 солени крекери
Ручек
– 100 г шпагети
– зелена салата со маслиново масло
– 1 портокал
Вечера
– 250 г салата од мешан зеленчук и јаткасти плодови
– овошје по избор
