Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Green Tea

Супер храна во тегла: Чиа пудинг со банана и мед за здрав почеток на денот

Оваа здрава храна се користи на безброј начини, но највкусна е во форма на кремаст пудинг.

Доколку сакате да се храните здраво и барате вкусен рецепт кој исто така лесно се подготвува, тогаш чиа пудингот е идеалното решение за вас.

Чиа семето за кратко време стекна неверојатна популарност, особено меѓу кулинарските блогери и луѓето кои промовираат здрава храна. Чие семките имаат безброј здравствени придобивки, а во комбинација со млеко и овошје се претвораат во неверојатно вкусен оброк.

Чиа пудинг со банана и мед е брз и лесен оброк кој може да се послужи како појадок или ужина кога сакате нешто слатко.

Се што ви треба за овој чиа пудинг е:

– 50 грама чиа семки
– 2 лажички мед
– 1,5 банана
– 300 милилитри билно млеко


Во тегла ставете ги семките од чиа и прелијте ги со млеко. Излупете ја бананата, изрендајте ја и додадете ја во теглата со една лажичка мед.
Промешајте сè, па ставете ја теглата во фрижидер да отстои преку ноќ. Наутро кога ќе се разбудите извадете ја теглата од фрижидер и прелијте го пудингот со една лажичка мед.

Половина од бананата исечкајте ја на прстени и украсете го пудингот. По желба можете да додадете и јаткасти плодови или бобинки.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement