Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Four Seasons

Не можете да погрешите: Италијанците ги откриваат своите омилени места за одмор во Италија

Кога сте турист, веројатно би избрале помеѓу Рим, прекрасната Фиренца, каналите на вкрстената Венеција или можеби автентичната Сицилија. Но, каде Италијанците одлучуваат да одат на одмор во Италија? Дали и тие одат на овие познати места или се уште бараат нешто друго? Одговорите ги пренесуваме во сторија објавена на порталот CNBC.

Апулија, регионот на самата пета од италијанската „Чизма“, е омилена дестинација на блогерката Марина Качапуоти, исто така уредник на веб-страницата „Italy Segreta“ која дава прекрасни совети за патување. Овој волшебен регион таа го посетува напролет, кога, како што вели, „може да доживеете неверојатни авантури со локалното население“. „Тоа е регион на фармери, традиција и едноставност во кој мора полека да се ужива“, изјави таа за CNBC.

Истиот регион со задоволство го посетува и Дилета Џорголо, римска агентка за недвижнини, која ја посетува Апулија најмногу поради плажите и извонредните мали градови. Мај, јуни, септември и октомври се идеални периоди за неа да го посети овој регион, бидејќи тогаш времето е топло, а плажите се празни. Што се однесува до гастрономските препораки, таа ве советува да отидете во ресторанот Алекс во Лече.

Сепак, Дилета ги сака и зимските одмори, во тој случај препорачува посета на Доломитите, особено скијачките области како што се Кортина д’Ампецо и Корвара. „Скијав во повеќето алпски земји, вклучително и во Швајцарија, но Доломитите имаат попрекрасен пејзаж, а храната е дефинитивно подобра“, додава таа. Исто така препорачува да одите во Кортина во текот на летото, поради прекрасните пешачки патеки, а кога е храната во прашање, мисли дека не можете да погрешите со семејниот ресторан „Beppe Sello“.

Мари Луиз Сцио, сопственичка на прекрасниот хотел Il Pellicano со долга традиција на тосканскиот брег, препорачува посета на некои помалку познати градови, како што е Виченца, на еден час возење западно од Венеција. „Градот е одличен, а познат е и по прекарот „Градот на Паладио“, со оглед на тоа што огромен број згради се дизајнирани од големиот градител Андреа Паладио.

Значи, ако веќе сте ги виделе попознатите Венеција и Верона, можеби е време да го посетите третиот град во близина на „В“ – Виченца. Во секој случај, има уште неколку препораки – неистражената Умбрија, Торино и неговата околина, тосканскиот град Лука… Ни се чини како и секогаш – со Италија е невозможно да погрешиме.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement
spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom