Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Дали е ова најлудиот изглед на Ким Кардашијан?

Откако стана муза на Демна Гвасалија, креативниот директор на брендот Баленсијага, Ким Кардашијан ги носи некои од најпровокативните модели на оваа модна куќа. Првата, можеби најхрабрата облека, беше на Мет Гала минатата година (тема – In America: A Lexicon of Fashion), кога се појави во црно од глава до пети, покривајќи го и нејзиното лице. Другиот е веројатно розевиот женско-мачка комбинезон, кој го облече како гостинка на SNL, но вчерашното издание на модната недела во Париз, дефинитивно е најлудото издание за Баленсијага – прекриена со селотејп.

На самата светлосна жолта лента е напишано името на брендот, а покрај целото тело на Ким Кардашијан, тука е и чантата Balenciaga Hourglass – сè е во ист тон, освен лицето на старлетата, на кое имала футуристички очила и излижана коса. Пораката на аутфитот не е баш најјасна, но ако се има предвид дека една од манекенките на пистата прошета идентично облечена, тогаш јасно е дека Ким само сакала да му оддаде почит на дизајнерот на чиешто шоу отишла.

Ким не ја коментирала нејзината облека, но Ванеса Фридман, модната критичарка на Њујорк Тајмс која седела во близина на ѕвездата на шоуто, открила дека старлетата произведувала „sticky-tapey“ звук, карактеристичен за леплива лента, додека одела, а исто така се погрижила за оделото да не се расцепи.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement