Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

8 РАБОТИ ШТО СЕКОЈА ЖЕНА ТРЕБА ДА ГИ НАПРАВИ ЗА 8 МАРТ – ПРИВЛЕКУВАЊЕ СРЕЌА И ЉУБОВ: Ден за остварување на желбите и добрите промени!

Меѓународен ден на жената или 8 март – ден кога ја славиме моќната енергија на жената, но и празник кога треба да ја развиеме енергијата на радост, благодарност и да научиме како секој ден да e 8 март. Нека овој ден не биде само празник кога ќе примаме и подаруваме поклони, туку и ден кога ја развиваме љубовта, првенствено љубовта кон себе.

Ајде за 8 март да ја покажеме нашата важност и гордост на себе, а овој празник да биде добар почеток за позитивна промена во нашите животи. Ви предлагаме 8 убави и магични работи кои секоја жена треба да ги направи за 8 март, а кои можат да донесат среќа:

1. Исполнете ги вашите потреби и желби – На 8 март, пружете си себе посебно задоволство. Посета на некој спа центар, патување до вашата омилена дестинација, желба за нов фустан, јазичен курс за кој долго време сонувавте, танцова школа… Нека овој ден биде совршен за исполнување на желбите кои сте ги запоставиле – израдувајте се!

2. Развијте љубов кон себе – Наместо да се критикувате, постојано да забележувате грешки и несовршености, обидете се да развиете здрава љубов кон своето битие. Тоа е важно, лековито и ви помага да развиете самодоверба и да најдете мир. Во тоа можат да ви помогнат и афирмациите, но и водење дневник во кој ќе го запишете сето добро што сте го постигнале.

3. Поврзете се со вашата креативна страна – Одвојте малку време во текот на денот за да се поврзете со вашата креативна страна и да го истражите сопствениот талент. Пронаоѓањето на креативноста може да го зајакне вашиот дух и да ви овозможи да го дадете најдоброто од себе. Без разлика дали го прославувате Меѓународниот ден на жената со вашето семејство, пријатели или сами, има многу забавни проекти, трикови и активности „направи сам“ каде што можете да ја изразите вашата креативност.

4. Поминете време со вашите омилени дами – Има ли подобар подарок од времето кое им го подаруваме на драгите луѓе. Покажете ја вашата омилена дама, било да е тоа мама, пријателка, сестра, колешка, колку се грижите за неа. Поминете прекрасен ден заедно и уживајте во енергијата што ја носи 8 март.

5. Дознајте повеќе за влијателните жени – Прочитајте ја биографијата на некои од највлијателните жени кои се бореле за правата на жените и направиле голема разлика во светот.

6. Вклучете се во женско движење или организација – Постојат многу начини на кои можете да им помогнете на многу жени и да го направите 8 март вистински празник на правдата, солидарноста и женската моќ.

7. Украсете ја куќата – Внесете ја атмосферата на 8 март во вашиот дом! Тоа не мора да биде само цвеќе, туку можете да направите автентична декорација која ќе направи да се чувствувате посебно во вашиот дом на овој ден. Боите на Меѓународниот ден на жената се виолетова (означува правда и достоинство), зелена (симболизира надеж) и бела (чистота).

8. Засадете растение или цвет во вашиот дом или градина – Наместо да купувате цвеќе, можете да го засадите на 8 март, замислете желба за време на садењето која е исклучиво врзана за вас, а потоа гледајте како цветот ви расте со текот на времето. Ви посакуваме со нив да растат и вашите шанси за остварување на сè што сте замислиле!

Среќен 8 март!

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement